Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Јазичниот центар ги пречека и ги награди победниците на Националниот натпревар во пишување есеи на англиски

На 8 Март, Јазичниот центар беше домаќин на победниците на Националниот натпревар во пишување есеи на англиски, кои пристигнаа заедно со нивните родители и професори по англиски јазик. Овој натпревар беше организиран во соработка со Мировниот корпус и Асоцијацијата на професори по англиски јазик во Македонија (ЕЛТАМ).

297 ученици од основни и средни училишта низ цела Македонија се натпреваруваа за најдобар есеј во три категории: 7 и 8одделение – основно училиште, 1 и 2 год. како и 3 и 4 год – средно училиште. Темата на есејот беше, „Кога би можел(а) да патувам назад во минатото„ а есеите беа оценети од група на изворни говорници по англиски јазик од јазична професија. Авторите на трите најдобри есеи во сите категории добија сертификати и подароци од Јазичниот центар.

Истиот ден, студентите на УЈИЕ од групите по академски англиски јазик со професорите, Артан Лимани, Азра Јакупи, Хаљит Бурнику, Љуиза Зеќири и Неда Радосавлевиќ, организираа изложба и презентација на постери посветени на познати жени од историјата, во чест на Меѓународниот ден на жената.

Google+