Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Центарот за кариера од УЈИЕ организира програми за обука во девет средни училишта во Тетово и во Гостивар

Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово организираше обука за пишување на CV и интервју техники со средношколците од Тетово и од Гостивар.

Овие обуки беа спроведени во девет средни училишта :Гимназија,Медицина, Економско, Земјоделско и Текстилно во Тетово , како и Гимназија,Медицина, Економско и Индустриско училиште во Гостивар.

Првиот дел од обуката се одржа во училиштата, додека вториот дел беше организиран со прошетки (амфитеатар,студентски услуги, Центарот за кариера, библиотека и лабораторија 816) во Универзитетот на Југоисточна Европа. Целта на овие обуки е размена на искуства помеѓу центрите за кариера и теоретски аспекти на модули за изградба на кариера.

Студентите изразија задоволство и подготвеност за понатамошна соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и средните училишта.

Вториот дел од обуката ќе продолжи и во наредните недели.

Google+