Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација,проф. д-р Бенџамин Китинг, им честита на сите наставници за нивната благородна работа.
„Ми претставува чест да учествувам на овој посебен ден за албанското образование и во оваа прилика би сакал да го цитирам познатиот ирски писател Џорџ Бернард Шо кој вели: „Оние кои можат, работат; оние кои не можат предаваат“ рече деканот Китинг“.
Главниот труд на овој настан го презентираше проф. д-р Мустафа Ибраими кој направи ретроспектива на развојот на албанското училиште уште од неговите почетоци, на 7 март 1887 година до ден денес.
„Во текот на овој период иако соочено со многу потешкотии ,албанското училиште успеа да ја исполни својата мисија за образование и патриотизам. Денес, албанското училиште во однос на мисијата е продолжение на првото албанско училиште“, рече професор Ибраими.
Во уметничкиот дел двајца студенти од овој факултет рецитираа поеми од познати албански поети.
