Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се доделија сертификати за претприемништво и локален економски развој за 22административци од Општина Тетово и Гостивар

Преку програмата за обука во Претприемништво и локален економски развој 22 претставници од општинската администрација од Општина Тетово и Општина Гостивар се здобија со сертификати за успешно завршување на обуката.

Тие се здобија со 30 ЕКТС, кои понатаму ќе можат да ги трансферираат доколку се одлучат да ја продолжат своето образување на постдипломски студии.

Сертификатите беа доделени во вторник (19.02.2013) во Универзитетот на Југоисточна Европа од страна на проректорот за академски прашања, проф. д-р Ендрју Годспид и деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р. Неџби Весели.

Целта на овој проект беше да се развие капацитетот на професионалци во општинските институции кои се вклучени во развојот на локалната економија преку обезбедување на соодветни знаења,вештини и меѓународни искуства.

Програмата за обука во Претприемништво и локален економски развој е поддржана од Европската комисија преку Регионалниот Темпус проект.

Google+