На овој состанок се презентираа новите студиски програми интегрирани со пракса во кои освен академскиот дел вклучен е и практичниот дел. Според структурата на програмите половина од времето студентите ќе го поминат на предавања додека во втората половина од студиите тие ќе бидат активно вклучени во компаниите. Така, по дипломирањето студентите без дополнителна обука уште првиот ден по дипломирањето можат да се вработат.
Ова се студиските програми интегрирани со пракса: Современ банкарски менаџмент, Современ менаџмент на претпријатија, Применета информатика за ИТ компании.
Компаниите изразија подготвеност да соработуваат со Универзитетот во напреднување на образовниот систем кој ќе ги исполни барањата и очекувањата на деловната заедница. Тие истовремено му се заблагодарија на ректорот на УЈИЕ за подготвеноста ан Универзитетот да соработува со компаниите за развој на бизнисот не само преку обуките кои ги организира Центарот за развој на бизнисот на УЈИЕ туку и преку новите студиски програми кои се посебно дизајнирани за подобро функционирање на бизнисот во Македонија и во другите Балкански држави.
