За отворена Конференцијата ја прогласи проректорот за истражувања на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река, кој рече дека оваа конференција има многу значајна тема и се одржува и во значајно време.
„Македонија преставува ’добра лабораторија‘ која е избрана за истражување на оваа тематика. Со децентрализацијата се направија чекори напред во насока на давање на повеќе права на општините“, рече проректорот Река.
Демуш Бајрами, советник на ректорот, рече дека со децентрализацијата се подразбира донесување на одлуките и нивнот спроведување на истото ниво на власта. Македонија, по Охридскиот рамковен договор требаше да бележи нова епоха во политичкиот живот, вклучувајќи го и трансферот на јуриздикцијата од централно на локално ниво, но сето ова во Македонија беше придржувано со многу проблеми и без потребната транспарентност.
На Конференцијата учествуваше и министерот за локална самоуправа на Македонија, Невзат Бејта, кој зборуваше за неговата практика како градоначалник, пратеник и министер во реализацијата на процесот на децентрализација во Македонија.
„Децентрализацијата на локалната власт во Македонија започна со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и дотогаш граѓаните не знаеја многу за улогата и за важноста на општините. Има околу 40 закони кои беа усвоени на Собранието на Република Македонија, а кои произлегуваа од процесот на децентрализацијата, но најзначајни се Законот за финансирање на општините и Законот за територијална поделба на општините. Општините треба да направат повеќе во имплементирањето на овие закони, посебно на Законот за територијална поделба, за кој се предвидени средства во вредност од 1% од БДП. Што посилна е локалната власт, поразвиена ќе биде државата. Заедно со Заедницата на единиците на локална самоуправа успеваме да ги зголемиме средствата кои им се доделуваат на општините од ДДВ и тоа од 3% на 4,5%, а наша цел е овој процент да биде 6%“, рече во својот говор министерот Бејта.
Директорот на Институтот за политички и меѓународни политики, проф. д-р Илбер Села, им се заблагодари присутните за учеството на оваа конференција. Тој рече дека целта на оваа конференција е оценување на процесот на децентрализација, што е направено досега, проблемите кои настанаа и кои се трендовите на овој процес во иднина.
Република Македонија е поделена на 84 општини и Градот Скопје, а процесот на децентрализација е започнат во 2004 година.
На Конференцијата учествуваа научници од Полска, Албанија, Романија, Косово, Македонија и од други држави од Европа.
