На оваа конференција учествуваа истакнати научници од областа албански јазик и литература од универзитетите во Албанија, Косово и Македонија.
Конференцијата се организираше по повод стогодишнината од независност на Република Албанија и Денот на албанското знаме.
Во воведниот говор, Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика рече дека албанските историски датуми го бележат синопсисот на развојот низ векови. „Можеби е коинциденција но роденденот на нашиот Универзитет е во ноември и се совпаѓа со главните настани на нашата нација . Од основањето на Универзитетот во мисијата јасно е наведено заложба за промоција на албанскиот јазик во високото образование, дополнително на напорите за достигнување извонредност во предавањето и во истражувањето,“рече меѓу другото , Ректорот Дика.
Провостот на УЈИЕ проф. д-р Ендру Гудспид ги поздрави присутните на конференцијата , тој се обрати на публиката на албански јазик.
„Оваа година, вие одбележувате 100 години независност на Албанија. Вие имате причина да славите. Независноста тешко се достигнува и поради тоа мора постојано да се заштитува. Овие години не беа лесни за Албанија. Светските војни беа тешки и годините во диктаторство беа болни. Но, Албанија денес е силна и безбедна држава. Албанија сега е интегрирана во Европските и во меѓународните организации. Ние имаме причина да веруваме дека следните 100 години ќе бидат подибри“ рече меѓу другото провостот Гудспид.
Со цитирање на зборови од албанскиот патриот Митхат Фрашери, советникот на ректорот г. Демуш Бајрами, зборуваше за важноста и за улогата на албанската литература во 100-те години историја на албанската држава.
„Јазикот и литературата имаат влијание врз настаните и оценувањето на импликациите за идните генерации. Литературата воспостави единствен модел на патриотизам, кој ќе се совпаѓа со историските оценувања, бидејќи природата на нештата кои се наведени во календарот на настаните, во колективната меморија и националниот идентитет, играле и играат значајна улога “ , рече м-р Бајрами.
Продеканот на факултетот за јазици, култури и комуникација, проф. д-р Хамит Џафери ги спомена активностите кои ги организираше УЈИЕ по повод стогодишнината од независноста на Албанија. Тој рече дека одбележувањето на овој значаен јубилеј со научна конференција за јазикот и за литературата не прави повредни за себе си и за другите.
Учесниците ги поздрави проф. д-р Зеќир Кадриу кој зборуваше во името Катедрата за албански јазик и литература и посака оваа конференција да поттикне плодна дебата.
Конференцијата се водеше во две сесии на која познати автори по албански јазик и литература ги презентираа своите трудови.
