Церемонијата се организираше во два дела, во првиот дел се претстави краток документарен филм , кој беше посветен на квалитетот на универзитетот, промоцијата на последната генерација доктори на науки- кои докторираа на УЈИЕ во периодот од ноември 2011-ноември до ноември 2012, доделување благодарници за компаниите кои придонесоа за Универзитетот и како кулминација на настанот беше постхумно доделување на звањето почесен член на починатиот г. Арбен Џафери за неговиот придонес во основањето на Универзитетот и откривање на натписот на амфитеатарот 4 за интелектуални дебати именуван по починатиот Арбен Џафери. Звањето почесен член му се додели на братот на починатиот г. Арбен Џафери, Фатмир Џафери.
Вториот дел од церемонијата беше резервиран за вработените на УЈИЕ во текот на овој дел сите кои имаат десет години работен стаж на Универзитетот им се додели благодарница и рачен часовник. Исто така, членовите на новоизбраниот Студентски парламент и студентска асоцијација дадоа заклетва. Во овој дел од церемонијата се направи примопредавање на мандатот од претседателот на Студентската унија. Претседателот на Одборот на Универзитетот се заблагодари на г.Пајтим Тачи за неговата заложба и придонес за водството на Студентската унија.
Резимирајќи ги достигнувањата , Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика рече дека „ на оваа единаесетта годишнина од основањето на Универзитетот, меѓу другите работи сакам со вас да споделам три посебни посветености.“
“Првата посветеност е нашата посветеност за квалитетот. Не само да ја потврдиме посветеноста на нашиот Универзитет за квалитет туку во исто време да ги споделиме со другите верувањата и евалвацијата дека квалитетот е предмет на позитивна емисија на дисперзираното и масовно високо образование во Македонија и во поширокиот регион. Ние избравме на ова годишнина да зборуваме за иднината но да го почитуваме и минатото. Во оваа насока е и нашата втора посветеност. На оваа годишнина, ние ќе оддадеме почит на придонесите на големиот човек, реткиот визионер кој од самиот почеток ја поддржа иницијативата и слободно може да го сметаме за еден од основачите на Универзитетот на Југоисточна Европа, починатиот Арбен Џафери.
Третата посветеност е вклучена во мисијата на Универзитетот. Во првиот став за целите на мисијата во Статутот на Универзитетот ан ЈИЕ се вели: Универзитетот ќе придонесе за унапредување на високото образование на албански јазик." Значи, денес, заедно се ја потенцираме оваапосветеносткако дел од прославата по повод стогодишнината од независноста на албанската држава и националнотознаме“, рече меѓудругото Ректорот Дика.
Амбасадорот на Р. Албанија во Македонија, Арбен Чејку во неговиот говор изрази честитки за единаесет годишнината од основањето на Универзитетот, кој коинцидира со прославите за 100 годишнината од независноста на Албанија и Денот на националното знаме.
„Оваа годишнина двојно ме обврзува да се поклонам пред основачите,соработниците, пријателите, студентите и професорите на Универзитетот, кои го разубавуваат овој јубилеј со оваа празнична церемонија. Во чест наминатото, ние работиме за во иднина. Нашите универзитети, академии, универзитети, училишта, центрите на албанското мислење насекаде, денес и во иднина, ја имаат светата мисија да ги подготват новите генерации за вториот век од независноста! Универзитети се и мора да останат „лаборатории“ на прогресивните идеи и мисла, бидејќи центрите на знаењето се вечни. Образованието и едукацијата се најскапоцената вредност на било која нација. Такви какви што се универзитетите денес, таква ќе ни биде иднината утре“ рече меѓу другото амбасадорот Чејку.
За животот и работата на починатиот Арбен Џафери, зборуваше претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон, кој рече „починатиот Арбен Џафери беше првиот иницијатор на нашиот проект и остана еден од нашите најсилни поддржувачи и пријатели се до неговата прерана смрт на почетокот на годинава.’
“Јас прв признавам дека нашата улога беше да се насочат идеите генерирани од г. Џафери и неговите соработници, вклучително и нашиот Ректор и ректор Емеритус во форма која би била атрактивна за потенцијалните меѓународни донатори и на крајот и за луѓето од Македонија без разлика на нивната етничка припадност. Работата не беше да се наметнат некои нерелевантни европски и американски концепти на луѓето од Македонија.“, рече претседателот на Одборот на УЈИЕ, Денис Фарингтон.
За уметничкиот дел на церемонијата беа ангажирано Блерим Груби и Сихана Бадивуку и Тетовскиот хор под диригентската палка на Јетон Пустина.
