„Ова е достигнување за Универзитетот“ рече меѓу другото, Ректорот Дика.
Проф.д-р Веби Беџети, проф.д-р Хамит Џафери, проф.д-р Неџби Весели, проф.д-р Хасан Јашари, проф.д-р Елена Андреевска, проф.д-р Мустафа Ибраими, проф.д-р Зеќир Кадриу се новите редовни професори на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Лилјана Силјановска е избарана во наставно- научно звање вонреден професор.
Критериумите за избор се предложените лица да имаат непрекината академска работа во Универзитетот во согласност со Законот за високо образование како вонредни професори, објавени статии во престижни меѓународни весници, да имаат објавени универзитетски книги и да имаат придонес во афирмирањето на имиџот на Универзитетот.
Рецензиите се напишани од познати имиња од академската област од земјава и од надвор.