Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Државниот сенатор на американската држава Ајова,Дарли Биал одржипредавање за студентите на УЈИЕ

„Политичките процеси во Америка“ беше темата на предавањето на државниот сенатор на американската држава Ајова, Дарли Биал кое се одржа во среда (10 октомври 2012 година) пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Добредојде на сенаторот му посака проректорот за академски прашања на УЈИЕ, проф.д-р Ендрју Годспид. Тој,исто така му се заблагодари на сенаторот Биал за можноста нашите студенти да научат повеќе за американската политика.

„ Крајната цел на денешното предавање е развивање на граѓанската дипломатија според која граѓанинот има право самостојно и потполно да одлучува наместо за него тоа да го прави политичарот“, рече сенаторот Биал. Тој им рече на студентите дека е добар познавач на американската политика, но сака да знае повеќе и за политичките процеси и за начинот на организирање избори во Македонија .

Студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово имаа можност да се запознаат со политичките процеси и организирањето на парламентарните избори во САД. Тие беа заинтересирани да знаат повеќе и за актуелниот изборен процес кој се одвива во Америка.

Google+