Директорот на УЈИЕ за постдипломски студии , проф.д-р Хасан Јашари ги поздрави студентите од првата година на магистерски студии.
„Ова е важен ден во вашиот живот. Ова е значаен чекор во вашето инвестирање во иднината и во кариерата.Повеќето од вас го знаат Универзитетов додека останатите ќе имаат можност да се запознаат со условите и капацитетите кои ги нуди УЈИЕ“ рече меѓу другото, проф.д-р Хасан Јашари.
Студентите имаа можност да се запознаат со професионалните служби и услуги кои ќе ги користат во текот на нивните студии. За оваа цел презентации имаа претставници од библиотеката на УЈИЕ, Студентскиот сервис и службата за ИТ.
Студентите беа информирани за административните работи , софтверот кој ќе го користат во текот на студиите и инфраструктурата на електронските портали кои се употребуваат во наставниот процес на ниво на Универзитетот.
