„Вие, денес на овој посебен ден ќе се чувствувате посебни исто како и во текот на сите овие години на студии бидејќи ќе студирате на Универзитет со најнапредните и најевропските стандарди на студирање во регионов. Со гордост можам да кажам дека нашите студии се хармонизирани со изворниот систем на таканаречениот „Болоњски процес“ – кој е синоним за најсодржајните реформи на високото образование во Европа“, рече ректорот Дика.
„Образовниот систем и педагошкиот модел во Универзитетот на Југоисточна Европа се дизајнирани да бидат во согласност со вашата индивидуална зрелост, се прилагодени на вашиот животен стил“, рече меѓу другото ректорот Дика.
Проректорот за академски работи на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Ендру Гудспид ги поздрави новите студенти поттикнувајќи ги да бидат креативни, храбри и трудољубиви со што ќе придонесат кон посветла иднина.
Во текот на ориентационата студентите ќе се запознаат со инфраструктурата на Универзитетот, ќе добијат идентификациски картички ќе ги подготват распоредите и ќе се сретнат со советниците на студентите.
Покрај тоа, студентите ќе се запознаат со главните служби на Универзитетот како што се: Студентски сервис, Службата за ИТ поддршка, Центарот за кариера и администрацијата на одредените факултети каде што ќе студираат.
