Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите од УЈИЕ најавуваат успешна сезона во футсал

Овој викенд започна шампионатот на Македонија во футсал. Екипата на УЈИЕ „СЕЕ Универзити“ во првиот натпревар ја победи екипата „Велес“ од Велес со резултат 0:4.

Ова е добар почеток и покажува дека сме подготвени успешно да се натпреваруваме со сите екипи во лигата. Нашата цел е да победиме во рамките на шампионатот и да играме меѓународни натпревари, вели тренерот на екипата Африм Јонузи.

„Игравме најдобро што можевме. Екипата беше дисциплинирана и многу ефикасна, па затоа победата не беше доведена во прашање во ниту еден момонет од играта. Ова е дополнителен мотив за на следниот натпревар против државниот шампион да го дадеме максимумот и да победиме и во оваа игра на домашен терен“, рече тој.

Екипата на УЈИЕ е составена од актуелни студенти, кои многу често потоа се ангажирани во професионални фудбалски тимови во Фудбалската лига на Македонија, но и надвор од земјава.

Во првото коло беа постигнати следниве резултати:

Ријал Петрол – Шкендија 5-2

Мал Ајакс – Куманово 903 7-2

Ројал Илири – Јувентус Серава 3-3

Велес – СЕЕ Универзити 0-4

Желарец – Елита – не се одигра

Црна Река – Биџо 3-4

Google+