Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа успешно го заврши Регионалниот Темпус: Претприемништво и локален економски развој (ЕЛЕД) во Македонија.

Целта на овој проект беше да се воспостави студиска програма која ќе обезбеди висок квалитет на стручно образование во областа на претприемништвото и локалниот економски развој на ниво магистерски студии и да се даде придонес кон создавање на претприемничка средина во Република Македонија за обука на специјалисти потребни од страна на пазарот на трудот.

Во програмата беа вклученипрофесори од универзитети кои беавклучени во Темпус проектот, во кој ЈИЕУ - Факултетотза бизнис и економија беше локален координатор.

Развојот на македонската економија е тесно поврзан со развојот на претприемништвото и на секторот на МСП. Иако предметот „Менаџмент на мали и средни претпријатија“се изучува во многу деловни програмиво високото образование, непостоејастудиски програми кои се концентрираана претприемништвото, неговитеразлични димензии и неговатаулога во локалниот економски развој. Како резултат на тоа, имаше недостиг од специјалисти во оваа област. Исто така, јавните институции на национално и регионално ниво, од кои се очекува даимјаолеснатработата на претприемачите, имаат недостаток на специјалисти со широка визија за иднината на македонската економија. Целта на овој проект беше да се одговори на оваа потреба преку обезбедување на студентите и учесницитево тренинг програмата со:

• емпириски и теоретски знаења за претприемништвото

• анализа на различни димензии на претприемништвото

• проблемите воекономскиот развој наземјитево транзиција, како што еМакедонија

• анализа на локалниот економски развој преку прашања и мерки на политиките

•правното окружување на претприемништвото на национално, европско и меѓународно ниво

• влијанието на глобализацијата и членство во Европската унија поврзано солокалниотекономски развој

• искуството на странскипрофесори од универзитетите партнери од ЕУ:Велика Британија, Германија, Италија, Белгија, Шведска, Словенија и Грција, и учење на различни наставни практики одЕУ универзитетите

• запознавање сонајноваталитература за претприемништво и локален економски развој на англиски јазик

• способност да се вклучат во независно истражување на напредно ниво.

Магистерските студии и тренинг програматабеа академски и финансиски поддржаниод страна на Проектот Темпус бр-ТЕМПУС-2008-UKJPHES. Проектот поддржа професори од ЕУ универзитетите кои беа партнери во проектоти од некои универзитети во регионот да учествуваат во наставата. Универзитетите партнери во оваа програмабеа:

• Универзитетот Стафордшир, Велика Британија (координатор)

• Универзитетот на Југоисточна Европа (локален координатор)

• Врије Универзитетот одБрисел, Белгија

• Ото-Фридрих Универзитетот одБамберг, Германија

• Универзитетот Македонија, Грција

• Политехничкиот универзитетделе Марке, од Анкона, Италија

• ВаџоУниверзитетот, Шведска

• Универзитетот одЉубљана, Словенија

• Универзитетот одЗападна Англија, Велика Британија

• Универзитетот одВулверхемптон, Велика Британија

• Економски факултет, Државен универзитет одТетово

• Економски факултет од Прилеп, Универзитет„Св.Климент Охридски“ одБитола

• Економски факултет, Универзитет "Гоце Делчев" одШтип

• Економски факултет, Универзитет одТирана

• Факултет за економија и агробизнисот, Земјоделскиуниверзитет од Тирана

• Универзитетот одТирана

• Економски факултет, Универзитет одЕлбасан

• Економски факултет, Универзитет одПриштина, Косово

• ААБ-Риинвест универзитетот одПриштина, Косово

Резултатите што се постигнаа се следниве:

1. Реализирана академскамобилност – Академски кадародЈИЕУ, ДУТ, УГД и УКЛО беше на 2-3 неделни студиски (подготовка на наставна програма за предметите) посети на странскитеуниверзитетипартнери;

2. Реализирана студентскамобилност - докторанти (ангажираникако академскиот кадар) од ЈИЕУ, ДУТ, УГД, УКЛО беше на1/2/3 месеци (за истражување на својата дисертација) посети на странскитеуниверзитетипартнери;

3. Регрутација на 9 студентиво програмата за последипломски студии- 6 се во последната фаза од нивните магистерски студии;

5. Реализирана програма за обука за ЕЛЕДза претставници на општинитеТетово и Гостивар (вкупно 27 учесници во програмата)

Google+