„Во духот на Болоња за размена на вработени и на студенти, денеска се промовираат меѓународните стипендии, а притоа сакаме да останеме верни на епитетот ’Универзитет шампион во регионот за мобилност’“, рече проректорот за истражување, проф. д-р Блерим Река.
„Една од главните цели на Канцеларијата за меѓународни односи е промоцијата на можностите за размена на студенти и на вработени на УЈИЕ. Преку оваа активност студентите имаа можност да се информираат за стипендиите за размена во универзитети од разни земји од Европа и од САД“, рече Луан Ештрефи, раководител на Канцеларијата за меѓународни односи на УЈИЕ.
Интересот на студентите за овој вид стипендии беше многу голем, а учесниците рекоа дека веќе имаат неколку апликации.
На оваа промоција стипендиите ги презентираа 8 амбасади и Националната агенција за европски студиски програми и студентска размена.
