Тој рече дека е многу задоволен од пречекот што му беше приреден на УЈИЕ и го истакна фактот дека тој некое време бил дел од академскиот кадар на Универзитетов.
Зборувајќи за темата, г. Кучи рече дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е многу значаен за долготрајната стабилност на регионов.
„Регионов има потреба од внатрешна хармонија, од мир со себе и со другите и во таа насока да се интензивираат напорите за регионално интегрирање и за интегрирање во ЕУ“, рече г. Кучи.
Во врска со последните случувања во Македонија, г. Кучи рече дека Република Косово е заинтересирана Република Македонија да биде стабилна држава и да ги почитува правата на граѓаните според Охридскиот договор и според другите меѓународни спогодби.
