Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Директорот на францускиот директорат за Централна Европа, г. Ерик Фурние, го посети УЈИЕ

На Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово, денес (8 мај 2012), престојуваше г. Ерик Фурние, директор на Директоратот за Централна Европа во Француското министерство за надворешни работи, придружуван од францускиот амбасадор во Скопје, Жан Клод Шлумберже.

Француската делегација беше пречекана од проректорот за истражувања на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река, кој ги запозна гостите со последните настани на Универзитетот. Проректорот Река истакна дека средбите од ваков вид помагаат во интензивирањето на соработката меѓу нашиот и француските универзитети во области од заеднички интерес.

Г. Фурние, кој актуелно е на турнеја низ балканските земји покажа интерес за последните случувања на Универзитетот и воопшто во Македонија. Тој истакна дека носи порака за зголемувањето на меѓуинституционалната соработка со француските универзитети.

Google+