Саемот го прогласи за отворен ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, кој рече дека овој саем, меѓу другото, претставува уште една можност да им се помогне на младите да најдат работа, служејќи како добра прилика за сите наши студенти да се запознаат со работодавачите од нашите простори.
„Податоците зборуваат дека над 50% од дипломираните на нашиот универзитет успеваат да се вработат во текот на една година, а 13% од нив успеваат да најдат работа пред да дипломираат. УЈИЕ уште од основањето ја разбра важноста на умешностите и на надлежностите кои треба да ги стекнат нашите студенти – нашите дипломирани студенти, за да бидат што покорисни и што поуспешни во предизвиците на пазарот на трудот“, рече ректорот Дика.
Саемот на кариерата претставува добра можност за студентите да се сретнат со потенцијалните работодавачи и да разговараат за можноста за вработување, за ангажирањето како практиканти и да се запознаваат со соодветноста на квалификациите и на нивните способности за да одговорат на барањата на пазарот на трудот или на одредени компании.
Саемот на кариерата се организира секоја година од Центарот за кариера во УЈИЕ.
