Целта на овие постдипломски студии е да се покрие празнината во формалното образование кај граѓанските организации (ГОи) и фондации, нивните вработени, активистите и волонтерите и на кадарот во меѓународните институции, донаторските агенции и владиниот сектор кои работат и соработуваат со граѓанскиот сектор, како и да го надградат нивното знаење и вештини со цел да го зајакнат граѓанското општество во истакнувањето на неговиот глас во процесот на градењето на ефективна демократија во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.
Ова сепрви студии од ваков тип во Македонија и единствени во регионов, рекоа претставниците на Универзитетот на Југоисточна Европа и Центарот за институционален развој. Последипломските студии за развој на граѓанското општество е нова програма на вториот циклус на студии на Факултетот за јавна администрација и политички науки, на Универзитетот на Југоисточна Европа, асе креирани по сугестија на надворешниот евалуатор на нашиот факултет, проф. Вилјам Дан од Универзитетот во Питсбург, САД, а во партнерсво со Центарот за институционален развој, истакна проф. д-р Елена Андреевска, декан на Факултетот.
Проф. д-р Замир Дика, Ректор на Универзитетот на ЈИЕ, ги истакна аргументите поради кои, според него оваа студиска програма ги исполнува сите очекувања за конкурентност на глобално ниво и поради тоа тој е ентузијаст за новата студиска програма Развој на граѓанското општество. Програмата е резултат на процесот на евалуација на студиските програми на Универзитетот од еминентни светски експерти од областа на јавната администрација и политичките науки и е дизајнирана во соработка токму со една од најуспешните организации во Македонија и во регионов во областа на невладините организации - Центарот за институционален развој – ЦИРа.
Според Зоран Стојковски, извршен директор на ЦИРа, Програмата и предложените предмети на Магистерските студии за развој на граѓанското општетсво се скроени за да одговорат на развојните потреби на секоја граѓанска организација од Македонија и од регионоти дапридонесат за развојот на вештинитеза секојдновното работење, даодоговорат на среднорочните и долгорочните предизвици со кои се соочуваат здруженијата и фондациитеи да им помогнат на сите практичари кои сакаат непосредно да го запознаат граѓанскиот сектор. „Влијанието и улогата на граѓанскиот сектор во земјите на Западен Балкан, иако послабово однос на другите сектори, е значајнои важноод аспект на понатамошната демократизација и развој на секоја од земјите ворегионовво целинаи за стремежите на истите за Евроатлантски интеграц- додаде тој.
Со спроведувањетона програматасе започнувавоакадемската 2012/13 година.
