Средбата ја отвори ректорот на УЈИЕ, господинот Замир Дика, кој рече дека Кампусот каде што тие студирале се развива во насока на една долготрајна цел – кон една преобразба на прв еко-кампус во регионот на Југосисточна Европа.
Во првиот период ќе се фокусираме да ги зајакнеме истражувачките капацитети на Универзитетов – со основања на два институти, како и со усогласување на апликативното истражување со растечки иницијативи во претприемништвото, за да се помогне економскиот и технолошкиот развој на регионов, да се помогнат компаниите, па и општеството во целина – тука каде што ние живееме. Значи ова е посветеноста кон нашата мисија Универзитетов да биде универзитет на третата генерација.
„Сакам да ве запознавам и со фактот дека пополека, но сигурно, Вашиот универзитет се претвора во универзитет на персонализирани услуги, со апликации на информативни системи за менаџирање на наставата за соодветни веб-услуги, како и за ефективно одлучување“, рече ректорот проф. д-р Замир Дика.
Поранешните дипломирани студенти ги поздрави и претседателот на Бордот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон, кој го изрази своето задоволство за пројавениот интерес. Тој рече дека ваквите средби ги здружуваат студентите, но исто така помагаат во размена на искуствата.
На оваа средба со дипломираните студенти од оваа институција учествуваше и министерот за образование, наука и технологија на Република Косово, Рам Буја. Министерот Буја, по овој повод рече дека се чувствува многу почестен што учествува на оваа многу симпатична средба.
„Посебно задоволство е да се најдеш меѓу студентите, кои завршиле еден студиски циклус, во тек се на други циклуси и тежнеат да продолжат во понатамошните студиски циклуси“, рече министерот Буја.
Исто така, меѓу друготот, министерот Буја рече: „Се радувам што се наоѓам меѓу луѓето од науката и нема нешто поубаво. Вие денеска сериозно придонесувате во сите области во државата Косово. Ова е она посебното.“
Се очекува средбата со дипломираните студенти на УЈИЕ од Република Косово да стане традиционална, за сите генерации.