Авторот на книгата, Рам Буја, зборуваше за важноста на настаните кои се обработени во книгата, велејќи дека се надева дека оваа книга, меѓу другото, ќе биде добра основа за идните истражувачи на овој период така што вистината ќе се претстави подобро, се разбира, базирајќи се на многуте факти со кои располагаме.
„Немав претензија да ја исцрпам целата материја, но го кажав она што мислев дека вреди, она што го најдов во архивите, во документација што ја анализирав“, додаде тој.
Блерим Река, проректор за истражувања на Универзитетот на Југоисточна Европа рече дека авторот на книгата, комбинирајќи ги знаењето и искуството, теоријата и емпиризмот, научните факти, но и неговиот личен ангажман, нуди научна и политичка анализа на Косово во преминот меѓу 20. и 21. век.
„Во книгата се расправа за еден од најдраматичните периоди на балканската историја, оној на распадот на последната комунистичка словенска империја и на раѓањето на најновата европска држава, на раѓањето на едно природно државно битие на Приштина врз урнатините на една вештачка творба на Версај“, рече Река.
Според м-р Демуш Бајрами, оваа книга ја кажува вистината, која е важно да се знае токму таква каква што била, претворајќи се во еден доверлив извор на научни докази. Понатаму, проф. Буја прецизно размислува за процесите кои доведоа до распадот на Југославија, за улогата на меѓународната заедница и за прогласувањето на независноста на Косово.
Али Пајазити, рецензент, истакна дека книгата „Косово во југословенската криза“, претставува поле на дескрипција на научната анализа на албанската одисеја на крајот на вториот милениум.
Книгата во седум поглавја има фактографски и академски елементи кои се однесуваат на процесот на државотворството на Косово во разни етапи, опфаќајќи ја и Војната на ОВК и Конференцијата на Рамбује.
