Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите на УЈИЕ го одбележаа денот на албанските образование за своите професори

Унијата на студентите на УЈИЕ со пригоден коктел го одбележа 7 Март-денот на албанското образование за своите професори.

„Денот на учителот на национално ниво служи за да ги оценуваме најдобрите традиции на албанското училиште, а без сомнение и многу почитуваната фигура на учителот, но и на сите други кои работат во образованието како воспитувачи на младата генерација и како активни придонесувачи за развојот и за прогресот на албанското општество. Секој од нас во сеќавање го има својот прв учител, за кој секогаш има позитивно мислење. Албанските учители од сите региони низ историјата и денеска биле и се, не само професионални работници во образованието, туку и големи патриоти, идеалисти, хуманисти и артисти од разни области. Иако не беа наградувани онака како што заслужија, тие работеа во тешки услови, ги пребродија сите ризици, незнаењето и канунот, тие сапак ѝ останаа верни на благородната мисија за образование на младите генерации“, се вели во главниот реферат кој беше прочитан на манифестацијата.

Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, откако ѝ се заблагодари на Унијата на студентите за организирањето и соработката и за нивната работа за интересите на студентите, рече дека денеска е Денот на учителот. Овој датум се празнува на денот кога сите ние, во името на професијата се обидуваме да ги промовираме меѓународните стандарди за поквалитетно образование за младите генерации. И, без сомнение, овој ден е посветен на улогата на учителите во обезбедувањето на потребните знаења за младата генерација.

Според него, треба да бидеме свесни дека треба да се изгради довербата за институцииите на образованието, бидејќи во нив се стекнуваат знаењето и обуката. „Сакам да го искористам овој моментот за честитки и да ви гарантирам дека Универзитетот на Југоисточна Европа ќе продолжи да ја унапредува репутацијата на предавачите и нивниот статус во општеството“, рече ректорот Дика.

Претседателот на Унијата на студентите на УЈИЕ, Пајтим Тачи, на сите професори им го честита празникот посакувајќи им успеси во работата и ги поттикна да работат уште повеќе на образувањето на младата генерација. Тој го поздрави рангирањето на Универзитетот на Југоисточна Европа на Шангајската листа, на која нашиот универзитетот е втор најдобар универзитет во Македонија и им заблагодари на студентите за поддршката.

Google+