Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) на второ место според рангирањето на шангајскиот универзитет Џио Тонг

Универзитетот на Југиосточна Европа (ЈИЕУ) во Тетово е на второ место според рангирањето на шангајскиот универзитет Џио Тонг, од Народна Република Кина, водечка светска институција за рангирање на високообразовни установи. Рангирањето беше објавено и официјално во петокот (17 фебруари 2012), од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Рангирањето е спроведено согласно Берлинските принципи за рангирање на високообразовни установи. Според истражувањето за квалитет на универзитетот од Шангај Универзитетот на Југиосточна Европа (ЈИЕУ) е на топ листата на два најобри универзитети со својот рејтинг. Ова рангирање кое го спровел универзитетот Џио Тонг се однесува само на универзитетите во државата. Рангирањето е направено врз основа на тоа колку се исполнети критериумите во однос на највисоката оценка и е пресметано во проценти.

Рангирањето ја стимуира конкуренцијата помеѓу високообразовните установи, дава значајни информации поврзани со статусот на високообразовната установа за работодавачите, стопанството и студентите и нивните родители и др.

Кликнете:http://www.shanghairanking.com/Macedonian_HEIs_Ranking/index.htmlза да ја превземете целосната листа на рангирањето.

Google+