Универзитетот на Југоисточна Европа, ќе придонесе во збогатувањето и сголемувањето на бројот на статти на албански и македонски јазик во слободната енциклопедија Уикипедиа.
За оваа цел, во вторник ( 6 септември 2011 година) во УЈИЕ во Тетово и Скопје се организираше „Денот за придонес за Википедиа“, на кој десетици студенти и професори придонесуваа со конкретни статии во сбогатувањето на фондот на статии на албански и македонски јазик.
Деканот на Факултетот за современи науки и технологии проф. д-р Беким Фетаји рече дека „текстовите ќе им се приклучат на скромниот фонд од 33 илјади актуелни текстови на албански јазик во Википедиа“. Според него, целта е да се достигне бројката од 100 илјади, што подразбира внесување на професионални содржини од професорите и студентите и на сите други заинтересирани од заедницата.
За сите кои придонесуваа во надополнувањето на содржините до УЈИЕ бе доделени цертификати, од кои 38 беа доделени во Тетово и 18 во Скопје.