Преку неговото вклучување со Агенцијата во Брисел тој изведе оценување, евалуација и активности кои се однесуваат на подобрување на истражувачките стратегии за проектите за партнерство во високообразовните институции во Македонија, регионов и пошироко. Состанокот на експертите се фокусираше на работите со кои се стимулира истражувачката креативност, иновацијата и проблемите кои треба да се преземат за да се подготват висококвалитетни истражувачки предлози на ЦД како и да се подобри севкупното истражување во високообразовните институции.Во рамките на задолженијата како надворешен експерт во соработка со експерти од државите од ЕУ тој беше вклучен во неколку различни групи вклучувајќи ги и оние од јужна и југоисточна Азија, јужна Америка и Јапонија како и од некои други држави од ЕУ. Тој исто така даде конструктивна и професионална експертиза во однос на предлозите од различни програми, олеснувајќи ја позицијата на некои високообразовни институции во Р. Македонија како членови на конзорциумот на проектот од третите држави вклучително и на предлозите во кои УЈИЕ беше вклучен од позиција на член на конзорциумот како што е случајот со Универзитетот Гент. Неговото присуство во такви чувствителни и предизвикувачки настани кои се однесуваат на развојот и на стратегијатана високото образование беше потврдено и пред неколку години во Торино, Италија кога Европската фондација за обука од Европската комисија овозможи да се поддржат проектите од неговата матична институција со тоа што ги поттикна да се вклучат и да имаат корист од мега проектите кои ги води конзорциумот составен од високорангирани и угледни високообразовни институции во Европа и пошироко.
Д-р Флорим Ајдини од 22 - 27 мај учествуваше на Меѓународниот состанок на Европската агенција за образование и наука на Европската комисија во Брисел
15 јуни 2011Тој беше единствен експерт кој беше избран и поканет од организаторите како единствен претставник од високообразовните институции во Република Македонија.
Повеќе вести
- УЈИЕ домаќин на панел-дискусијата за предизвиците поврзани со родовата еднаквост и улогата на жените во општеството
- УЈИЕ и Министерството за здравство ја формализираат соработката за научни истражувања и стручно усовршување во здравствениот сектор
- Ректорот Ибраими оствари средба со амбасадорката на НР Кина
- Ректорот Ибраими се сретна со холандската амбасадорка: УЈИЕ е успешна приказна за меѓународната заедница
- Универзитетот на Југоисточна Европа активно учествува во дебатата за реформите во високото образование
- Дијалог за дигиталната иднина: „Глобален дигитален град“ отворен на УЈИЕ
- УЈИЕ учествуваше на јавната дебата за Предлог - законот за високото образование