Во вторник (12ти април), Универзитетот на Југоисточна Европа на редовниот состанок на Сенатот ги избра во наставно - научно звање вонреден професор двајцата членови од меѓународниот кадар Денис Фарингтон и Пол Фостер. Пет други члена од академскиот кадар беа избрани во наставно-научно звање доцент во различни области како што се компјутерските науки, правото, јавната администрација и политички науки и бизнис и економија.
На истиот состанок Сенатот го усвои и Конкурсот за запишување студенти во академската 2011/12година, за првиот и за вториот циклус на студии на факултетите на ЈИЕУ. Во академската 2011/12година, за редовните студии во првиот циклус на студии на петте факултети на ЈИЕУ: Правен, Бизнис и економија, Јавна администрација и политички науки, Современи науки и технологии и Јазици, култури и комуникација е предвидено да се запишат околу 1300 студенти. Новината која ја предвидува Сенатот на ЈИЕУ за оваа академска година се студиите „он - лајн“.
Според Ректорот проф. д-р Замир Дика, Универзитетот на Југоисточна Европа успеа да се развие во посебна академска средина за студирање преку размена на интензивни искуства со меѓународни универзитети партнери и активно учество во разни обуки и програми за професионален развој. Нашите студиски програми во себе го содржат американскиот прагматизам и извонредност, особено програмите за бизнис и компјутерски науки но исто така и вредностите и традицијата од европската цивилизација на програмите со директен јавен интерес. Како нов Универзитет, ние имавме шанса да започнеме со следење на основните препораки за реформирање на духот на високото образование во Европа, изразено преку Болоњскиот процес, рече меѓу другото ректорот Дика. Ние гледаме на овие трендови како на сериозен напор за да ги обезбедиме нашите студенти со знаење, компетенции и вештини кои се потребни за глобалниот пазара на трудот. Тој длабоко верува во овие трендови кои иницираа голем број дебати за улогата на универзитетите во третиот милениум , затоа што традиционалниот и колективниот пристап ги оддалечија универзитетите од реалните потреби на општеството и на индустријата.
