На состанокот со Ректорот на ЈИЕ Универзитетот, проф. д-р Замир Дика амбасадорот ја пофали работата и посветеноста на ректорот и сиот кадар на универзитетот во исполнувањето на образовните цели.
Амбасадорот А. Чејку ги поддржа реформите кои се имплементирани на универзитетот и особено ја истакна интернационализацијата на Универзитетот со пристапот за модернизација на студиските програми.
Ректорот Дика во оваа прилика меѓу другото истакна: „Целта на Универзитетот е да се прилагоди со најдобрите европски пракси за контрола на квалитет, знаење, оценување и одговорност. Универзитетот ги развива студиските програми и механизмите за обезбедување квалитет со помош на меѓународните експерти со цел да осигури целосна соодветност со Болоњската декларација”.