Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правниот факултет на УЈИЕ меѓу топ трите најдобри тимови на сеалбанскиот натпревар за симулирано судење во Тирана

Тимот на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), составен од студентките од четврта година Флутра Џемаили, Амина Адеми и Ремзије Абази, под водство и менторство на проф. д-р Ведије Раткоцери, успеа да го освои третото место на сеалбанскиот натпревар за симулирано судење „University Law Competition 2026“, кој се одржа на 16. и 17. мај во Тирана.

На ова издание учествуваа 16 тимови од правните факултети од Република Албанија, Република Косово и Република Северна Македонија.

По неколкунеделни интензивни подготовки и три рунди на вербално соочување, тимот на УЈИЕ успешно го осигура третото место, рангирајќи се меѓу трите најдобри тимови на ова издание.

Тимот на УЈИЕ се истакна со својот професионален настап и одличната изведба во сите рунди од натпреварот. Жирито високо го оцени нивото на правно аргументирање, квалитетот на процесните поднесоци, вербалната презентација, тимската работа, како и подготвеноста и професионалноста во одговорите на прашањата поставени од жирито и од противничките тимови.

Вреди да се напомене дека ова е трет пат по ред како студентите од Правниот факултет на УЈИЕ учествуваат на овој престижен натпревар, додека во 2024 година тимот на УЈИЕ беше победник и го освои првото место.

Овој успех ја докажува посветеноста на Правниот факултет на УЈИЕ во академската и практичната подготовка на студентите, создавајќи услови и можности тие да ги развијат своите професионални вештини, критичкото размислување и правните компетенции на меѓународно конкурентно ниво.

Google+