Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Отворен ден на УЈИЕ: Местото каде што се обликува вашата идна кариера

На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) денес успешно се одржа традиционалната активност „Отворен ден“, на која присуствуваа голем број матуранти од средните училишта од Тетово, од Скопје, од Гостивар, од Струга, од Дебар, од Кичево, како и од други градови низ Северна Македонија.

На настанот беа присутни и многу родители, кои заедно со матурантите имаа можност одблизу да се запознаат со универзитетската средина студиските програми и условите кои ги нуди УЈИЕ за студирање и за професионален развој.

Активноста започна со официјално отворање, по што следеа презентации на факултетите на посебни штандови, каде посетителите добиваа директни информации од академскиот кадар и од студентите. Во рамки на програмата беа организирани практични демонстрации и интерактивни активности, вклучувајќи симулации во форензичката лабораторија, експерименти од социјалните науки, симулации во лабораторијата за виртуелна и аугментирана реалност, како и презентации на Факултетот за здравствени науки со техники за прва помош и терапевтски демонстрации. Факултетот за бизнис и економија, пак, го одржа натпреварот за „Најдобар бизнис-план“, каде матурантите презентираа бројни креативни идеи.

Програмата вклучуваше и прошетка низ универзитетскиот кампус, при што матурантите ги посетија Ректоратот, библиотеката, лабораториите, студентскиот дом и предавалните, запознавајќи се со секојдневното функционирање на Универзитетот.

Атмосферата беше збогатена со спортски активности во организација на Студентското собрание и асоцијација, уметнички содржини во библиотеката „Макс ван дер Штул“ и музичка програма, што го направи овој ден целосно информативно и забавно искуство.

Отворениот ден на УЈИЕ уште еднаш го потврди високиот интерес на младите за квалитетно образование и можностите кои ги нуди оваа институција за градење на нивната идна кариера.

Google+