Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Библиотеката „Макс ван дер Штул“ – Библиотека на годината 2024!

На Петтата Национална конференција, организирана од Здружението на библиотекари на Република Северна Македонија, нашата библиотека беше почестена со престижната награда „Библиотека на годината 2024“!

Оваа награда беше доделена во рамки на конкурс објавен од самото Здружение, како признание за посебниот придонес во областа на библиотекарството.

Свечената церемонија се одржа во градот Велес, каде што нашиот кадар присуствуваше и со гордост го прифати ова големо признание за нивната неуморна работа и постојана посветеност кон читателите и академската заедница.

Google+