Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Факултетот за здравствени науки при УЈИЕ ги пречека матурантите на Отворениот ден

Факултетот за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа денес ги отвори вратите за матурантите со медицински профили од Тетово, од Гостивар, од Струга и од Кичево, во рамки на Отворениот ден што се организираше со цел да се промовираат образовните можности и практичното искуство што ги нуди овој Факултет.

Посетителите - матуранти заинтересирани за студии од областа на медицината и здравствените науки - имаа можност одблиску да се запознаат со современите капацитети на Факултетот, вклучувајќи ги современите лаборатории, симулацискиот центар за практична обука, како и студиските програми што ги нуди Факултетот.

Учениците ги пречека деканката на Факултетот, доц. д-р Данијела Војтикив Самоиловска, заедно со академскиот кадар и студентите од програмата, кои ги споделија своите искуства и дадоа детални информации за придобивките од студирањето на овој факултет.

Атмосферата беше динамична и интерактивна, со прашања од студентите, демонстрации на медицинската опрема и кратки презентации на студентите за академскиот живот на УЈИЕ.

Google+