Висока делегација од УЈИЕ го посетија Универзитетот за применети науки во Урошевац (УПН) во рамки на спроведувањето на Договорот за соработка потпишан помеѓу двете институции.
Делегацијата на УЈИЕ составена од проф. д-р Садудин Ибраими, проф. д-р Флорије Исмаили, доц. м-р Ракиб Амдиу и проф. д-р Ментор Хамити, со раководството на УПН дискутираа за конкретни чекори за соработка во клучни области како што се: мобилност на студентите и кадарот, заеднички истражувачки проекти, заедничко учество во наставата и академскиот мониторинг, како и развој на заеднички студиски програми.
УЈИЕ и УПН имаат за цел преку овој договор да придонесат кон унапредување на квалитетот на високото образование во двете земји, но и пошироко во регионов.
