Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа традиционалниот меморијален турнир „ Арбен Џафери“.

Во рамки на активностите за одбележување на 23. годишнината од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа, денеска (вторник, 19.11.2024) во организација на Одделот за спорт и Студентската Асоцијација и Парламент,во спортската сала на средното медицинско училиште, се одржа традиционалниот турнир во Футсал „Меморијал Арбен Џафери“.

На овој турнир учествуваа средните училишта од Општина Тетово, меѓу кои: Медицинското училиште „Никола Штејн“, Гимназијата „7.март“, Економското училиште „8. септември“, Земјоделското училиште „Моша Пијаде“, Колеџот „Маариф меѓународно училиште“, Колеџот „Јахја Кемал“, Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и Текстилното училиште „Ѓоце Стојчески“.
Победник на турнирот беше екипата на Медицинското училиште „Никола Штејн“, додека второпласирана е екипата на Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ а третото место го освои екипата на Колеџот „Маариф меѓународно училиште“.
Во знак на благодарност на сите учесници на овој турнир им беа доделени признанија како и пехари и медали за оние кои ги освоија првите 3 места.
Турнирот помина во спортска атмосфера, со многу публика од ученици од средните училишта и студенти.
Оделот за Спорт на ЈИЕУ и е благодарен на Директорската управа на Медицинското училиште „Никола Штејн“ Тетово, за користење на спортската сала.
Google+