Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Правниот факултет го промовира новиот Прирачник за кривична постапка на албански јазик

На 14 ноември 2024 година, Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа организираше промоција на книгата „Формите на поднесоци според Законот за кривична постапка, Законот за меѓународна соработка во кривична материја, Законот за правда за децата и Законот за прекршоци“.

Овој прирачник, прв од ваков вид во Северна Македонија, претставува значајна основа за воспоставување стандарди за официјална комуникација на албански јазик, особено во кривичните постапки.

На настанот присуствуваа студенти од Правниот факултет и правни практиканти. На присутните им се обратија проф. д-р Беса Арифи, проректорка за истражување и меѓународна соработка; доц. д-р Албана Метај, координаторка на Правниот факултет за кампусот во Тетово; адвокатот Енкелј Ајази; и судијата Нуредин Лога, автор на книгата. Промоцијата се одржа во конференциската сала на ЦРБ , привлекувајќи особен интерес кај сите присутни.

Google+