Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Средба со кадарот на УЈИЕ во рамките на Програмата IVLP

Денеска (08.11.2024 г.), службеникот за Меѓународната програма за лидерство со посетители (IVLP), Даниел Оранж, придружуван од Газменд Иљази--координатор за размена и алумни во Амбасадата на САД, одржа состанок со членовите на кадарот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), кои беа корисници на различни можности што ги нуди Амбасадата на САД.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа – акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој беше корисник на една од програмите на Амбасадата во првите години од работењето на Универзитетот, исто така учествуваше на овој настан.

Целта на состанокот беше да се разгледа влијанието на искуството на учесниците во програмите за размена и другите професионални можности што ги нуди Амбасадата на САД, нагласувајќи како овие можности придонеле за личниот и професионалниот развој на персоналот на кадарот УЈИЕ. Исто така, се разговараше за нови можности за студентска и професионална размена, како и за други можности во насока на продлабочување на меѓуинституционалната соработка.

Ректорот Беџети истакна дека искуството што го стекнал кадарот од овие програми, како и престојот во САД, суштински влијаело на развојот на поединците, менувајќи го нивниот начин на размислување. Тој, исто така, ја цени големата и значајна помош што Амбасадата на САД што му ја дава на УЈИЕ, потпирајќи се на стратешки партнерства, како што е она со Универзитетот во Индијана.

Даниел Оранж од своја страна го изрази своето задоволство за топлото гостопримство и позитивните искуства што ги слушнал од кадарот на универзитетот, додавајќи дека ваквите средби се важни за зајакнување на врските и споделување на нови професионални можности.

Исто така, на средбата беше претставена можноста за нова програма која може да придонесе за изградба на нови соработки меѓу универзитетите од САД и УЈИЕ, нудејќи различни можности за развој и размена на студенти и академски кадар.

Меѓународната програма за лидерство на посетители (IVLP) е главната програма за професионална размена на Стејт департментот на САД.

Google+