Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулемнаф Беџети во својот пригоден говор му се заблагодари на авторот што го избрал УЈИЕ за промоцијата на своите дела.
„Книгите што денес се промовираат имаат фактичка вредност, бидејќи не се засновани на измислени стории, туку отсликуваат реалност за еден многу важен период од нашата национална историја “, оцени меѓу другото ректорот Беџети.
За делата свои видувања искажаа деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникации, проф. д-р Демуш Бајрами и новинарите Џелал Незири и Бардил Зајми.
„Денес промовираме опус од моите дела кои може да се наречат мемоари, а имав само една цел, нашата историја да остане напишана, бидејќи во нив доминираат факти и документ. “, рече меѓу другото авторот на книгите Фахри Муслиу.
Промотор и иницијатор на промоцијата на овие книги е новинарот Селајдин Џезари.
