Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Трибина за свесност и превенција од рак на дојка

Факултетот за здравствени науки поддржан од Ротари клубот од Тетово во рамки на меѓународниот месец за подигање на свесноста за ракот на дојка, денес (17.10.2024 г.), организираше трибина на тема: „Превенција и подигање на свесноста за ракот на дојка“.

Целта на трибината е да се споделат важни информации за здравјето на дојката и да се подигне свесноста за важноста од превенција и рано откривање на ракот на дојката кај жените и кај девојчињата ширум светот.

На оваа тема презентираа експерти од областа и познати лекари и тоа: д-р Вјолца Скендери, д-р Арѓенд Имери и д-р Илир Вела информираа во детали за важноста од редовните контроли бидејќи се зголемуваат шансите излекување на оваа болест.

Google+