Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Состанок на Ректорот Беџети и претседателот на Студентското собрание и асоцијација Адеми со Амбасадорот на Албанија, Н.Е. Денион Меидани

Во фокусот на средбата меѓу Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, и претседателот на Студентското собрание и асоциjација (ССА), Мевлан Адеми, со амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Н.Е. Денион Меидани беше напредокот на универзитетот, предизвиците во високото образование и науката, како и соработката со сестринските универзитети во Албанија и другите албански универзитети во регионот.

Во текот на средбата ректорот Беџети изрази благодарност до Амбасадорот Меидани за институционалната поддршка, како и за понудата за време на ноемвриските празници, Студентското собрание да прикажува историски филмови обезбедени од Амбасадата на Албанија.

Исто така, на овој состанок, претседателот на Студентското собрание предложи тематски говор од премиерот на Албанија, Еди Рама, на тема „Патувањето на Албанија кон целосно членство во ЕУ“, кој може да се одржи на Универзитетот на Југоисточна Европа за време на неговата идна посета на земјава.

Google+