Тој е автор на многу книги од областа на психологијата, филозофијата, економијата и меѓународните односи.
Проф. Вакнин бил ангажиран како визитинг-професор по психологија на Јужниот федерален универзитет во Ростов-на-Дон во Русија (2017-2022) и професор по клиничка психологија и деловен менаџмент на CIAPS (Commonwealth Institute of Advanced and Professional Studies- Комонвелтски институт за напредни и професионални студии) во Кембриџ и Бирмингем, Обединетото Кралство; Онтарио, Канада; и Лагос, Нигерија.
Проф. Вакнин во УЈИЕ ќе предава предмети од областа на психологијата и на економијата.
