„Универзитетот на Југоисточна Европа бележи постојан раст низ годините и сите параметри го потврдуваат тоа“, нагласи ректорот на УЈИЕ-акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.Тој ги претстави главните достигнувања и предизвици на институционално, на национално и на меѓународно ниво.
Во рамките на програмата за обука на вработените, обраќање имаше д-р Пол Фостер, од Државниот универзитет во Монтана - Билингс, САД, кој направи споредба на УЈИЕ од почетокот и сега, како соработник на Универзитетот од првите години на делување.
На овие обуки доминираа темите за примена на вештачката интелигенција во наставата, како и првичните пристапи на Универзитетот за ефективно и соодветно користење на вештачката интелигенција.
Вработените во УЈИЕ имаа можност да се запознаат со најновите трендови преку ЕУА и институционалните промени поврзани со истражувањето и со истражувачките проекти, комуникациските активности во заедницата со комерцијално и со промотивно влијание.
Поединечни факултети со вработените одржаа работилници за да одговорат на клучните области за подобрување врз основа на повратни информации од студентската евалуација.
