Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа станува партнерска институција во алијансата на европски универзитети CHALLENGE.EU

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со задоволство објавува дека заедно со 8 други европски универзитети доби позитивна оценка од Европската комисија за поднесувањето на проектот CHALLENGE.EU, во рамките на повикот Еразмус + ,Алијанса на европските универзитети.

Алијансата CHALLENGE.EU обединува 9 високообразовни институции од цела Европа со Универзитетот за применети науки Офенбург (Германија) како водечка институција, проследено со Универзитетот на Југоисточна Европа (Северна Македонија), ECAM LaSalle (Франција), Европскиот универзитет во Лисабон (Португалија), Универзитет за животни науки и технологии во Латвија (Латвија), Универзитет во средна Шведска (Шведска), Универзитетот за применети науки и уметности од северозападна Швајцарија (Швајцарија), Европскиот универзитет во Валенсија (Шпанија) и Универзитетот во Вармија и Мазури (Полска) . Оваа иницијатива ќе ја олесни долгорочната, стратешка соработка меѓу високообразовните институции, промовирајќи иновативни стратегии за истражување и образование за справување со општествените предизвици.

Конзорциумот CHALLENGE.EU е воспоставен врз заедничко разбирање дека отворените и инклузивни иновативни процеси ќе ги направат европските универзитети поотпорни на промени и подобро опремени за да одговорат на големите предизвици на 21. век. Ова претставува значаен чекор кон трансформација на високото образование во Европа.

Алијансата CHALLENGE.EU е една од 14-те нови сојузи под конкурсот за Европските универзитети Еразмус+ од 2024 година, кој е предвидено да трае 4 години.

Google+