Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се отвори осмата изложба на студентите по Архитектура и дизајн

Студентите, академскиот кадар и семејствата имаа можност денес (28.06.2024г.) да ги видат професионалните достигнувања на студентите по Архитектура и дизајн кои ја одржаа осмата изложба на своите дела.

Изложбата ја отвори ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој го изрази своето задоволство од професионалната зрелост на студентите, кои веќе реализираат многу сложени дела.

„Ви честитам за сработеното и на оваа изложба може да се види финализирањето на Факултетот за технички науки кој е создаден со многу пожртвуваност и посветеност. Комплексноста на делата и посветениот кадар докажуваат дека го подготвивме производот за новиот факултет. Студентите по Архитектура и дизајн од следната година ќе имаат специјализирана лабораторија и голем дел од работите ќе можат технички да се изведат во оваа лабораторија“, истакна меѓу другото во својот говор ректорот Беџети.

На оваа изложба своите дела ги изложија студентите од прва, од втора, од трета и од четврта година, односно од вториот семестар до осмиот семестар од студирањето.

Google+