Можноста за соработка меѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Ајова беше целта на средбата која проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи, ја оствари во средата (29.05.2024 год.) во Кампусот во Скопје, со Расел Ганим - провост и одговорен за меѓународни програми.
На средбата беа разгледани конкретни области на соработка, особено размена на кадри, студенти и други области од заеднички интерес.
