Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Панел-дискусија за трансформација на општеството и хакатон за социјални иновации според перспективата на младите

Во понеделник (27.05.2024 год.), Факултетот за современи општествени науки во соработка со Институтот Макс ван дер Штул го организираа фестивалот на тема: „Како да го трансформираме нашето општество? Перспективи од академијата, граѓанското општество и јавните институции“.

„Трансформацијата на општеството е многу широк, сложен и повеќедимензионален концепт. Доброто владеење бара систематска и сеопфатна посветеност на сите, почнувајќи од креаторите на политиките, приватниот сектор, граѓанското општество, медиумите, академската заедница и вклучувањето на новите генерации, бидејќи тоа е суштината на оваа трансформација“, рече меѓу другото во своето обраќање ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети,.

Настанот го најави и модерираше Фортеса Асани, истражувач во Институтот Макс ван дер Штул и предавач на Факултетот за современи општествени науки.

Во своето воведно излагање, деканката на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мерита Зулфиу Алили, на матурантите и останатите присутни ја презентираше понудата на студиските програми од факултетот.

Настанот се реализираше во два панели, првата сесија беше на тема: „Добро владеење за подобар животен стандард“, а втората сесија на тема: „Улогата и гласот на младите во креирањето општествени промени“.

Најважниот настан од оваа активност беше Хакатонот за општествени промени, на тема: „Иновации предводени од младите: Истражување на креативни решенија за справување со локалните предизвици“. На натпреварот кој се одржа меѓу младите, беа доделени првите три места за најиновативни идеи за најдобро решение за локалните проблеми. Првото место го освои гимназијата „Зеф Луш Марку“, второто медицинското училиште „Никола Штејн“ – Тетово и третото Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ – Скопје.

Google+