Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Промовирана книгата „Ластовица на сеќавањето“ од авторот Неџат Пустина

„Ластовица на сеќавањето“ е насловот на книгата чиј автор е Неџат Пуситна, која денеска беше промовирана во просториите на библиотеката „Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Во својот поздравен говор, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, им се заблагодари на организаторите што ја избрале ова библиотеката како најсоодветно место за промоција на оваа книга.

„Поетот Неџат Пустина и покрај неговото дебарско потекло е натурализиран тетовчанец и ние сме горди на тоа“, рече меѓу другото ректорот Беџети.

За книгата зборуваше издавачот Емин Аземи, кој истакна дека со оваа публикација сака да и ги претстави на пошироката јавност, поетите кои на некој начин се оставени во заборав.

На промоцијата говореше и новинарот и публицист Нијази Мухамеди, кој ја истакна важноста од реактуализација на поетите од постарите генерации и нивно вклучување во наставните програми на нашите училишта и универзитети.

За важноста на книгата зборуваше и новинарот Бардил Зајми, кој го истакна значењето на поезијата на Неџат Пустина во албанската литература воопшто.

Книгата „Ластовицата на сеќавањето“ е антологиска компилација од најпопуларните поезии на поетот Неџат Пустина.

Книгата ја објави Агора принт, а промоцијата беше поддржана од Факултетот за јазици, култури и комуникација.

Google+