Делегацијата предводена од деканот, проф. Микеле Бонино, продеканот за меѓународни работи, Валерија Федериги и двајца докторанди ги пречекаа проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи, деканот на Факултетот за современи науки и технологии, проф. д-р Џемал Зенуни, менаџер на програмата Архитектура и дизајн, проф. Ракиб Амдиу и проф. Бетим Зеќири.
Двете делегации разговараа за зајакнување на врските меѓу двата универзитета за каква било соработка во иднина, особено во градењето капацитети и многу други области од заеднички интерес.