Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студенти од Универзитетот во Тенеси го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа

Група студенти од Универзитетот во Тенеси (Универзитет во Тенеси), од САД, во рамките на нивната балканска турнеја, денес (14.05.2024) го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа.

Студентите, кои беа од различни студиски профили, заедно со нивните професори, ги пречека проректорот за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Адриан Бесими.

Во однос на темата „Интернационализација на УЈИЕ“, пред студентите се претстави Бујар Синани, одговорен на канцеларијата за меумародни односи.

Директорот на Центарот за бизнис иновации, Авни Арифи, презентираше на тема „Туристичкиот сектор во Северна Македонија - Имплементација на циркуларната економија во пракса“.

Студентите од САД придружувани од претседателот на Студентското собрание Мевлан Адеми и други студенти од оваа асоцијација го разгледаа кампусот.

Google+