Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Потпишан меморандум за соработка меѓу УЈИЕ и Универзитетот ИБН Халдун од Турција

Во рамките на меѓународната соработка, Универзитетот на Југоисточна Европа денес потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот ИБН Халдун од Истанбул. Меморандумот го потпишаа ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проректорот на Универзитетот ИБН Халдун, проф. д-р Мустафа Кемал Јилмаз.

Целта на Меморандумот е развој на соработката меѓу двете високообразовни институции во размена на студенти, унапредување на истражувачката соработка и посети на научни истражувачи. Исто така, предвидено е и организирање на студентски посети, работилници и летни школи.

Претставниците на Универзитетот ИБН Халдун престојуваа во УЈИЕ, како дел од академската турнеја во балканскиот регион на тема „Напредокот на општествените науки во ерата на одржливост и дигитализација“.

Google+