Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Презентација на можностите за студирање во САД

Во организација на Канцеларијата за меѓународна соработка, при Универзитетот на Југоисточна Европа, денес (14.05.2024 год.) за студентите беше организирана презентација за можностите за студирање во САД, во рамки на образовните програми за размена на Амбасадата на САД во Скопје.

За време на оваа презентација, г. Газменд Иљази од Канцеларијата за односи со јавноста при Амбасадата на САД во Скопје ги информираше студентите за можностите што им се нудат да студираат или да се усовршуваат на американските универзитети преку различни програми, како што се: Фулбрајт, СУСИ или Глобал УГРАД.

Учесниците беа заинтересирани за некои од програмите за размена и побараа повеќе детали за аплицирањето, времетраењето и за роковите.

Google+