Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа дебата за перспективите и предизвиците на пазарот на трудот во Северна Македонија

„Предизвиците и перспективите на пазарот на трудот во Северна Македонија - Транзиција од образование кон вработување“, беше темата на Панелот организиран од Универзитетот на Југоисточна Европа и Фондацијата Фридрих Еберт- канцеларијата во Скопје, што се одржа денес (16.04.2024 год.) во Универзитетскиот кампус во Тетово.

„Ова е и придонес на академијата да покаже дека пазарот на трудот во Северна Македонија е асиметричен и ова предупредување ние во УЈИЕ го истакнавме многу порано. Фокусот на универзитетите и на образовните политики треба да биде на креирање стручен кадар што се бара на пазарот на трудот“, рече во поздравниот говор ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Директорот на Фондацијата Фридрих Еберт, д-р Питер Хурелбринк, рече дека денес ја одбележуваме одличната соработка меѓу Фондацијата и Универзитетот на Југоисточна Европа и придонесот на панелистите а особено на академијата е многу важен.

Панелисти на оваа дебата беа Фестим Халили, директор на Фондот за иновации и за технолошки развој, Владанка Трајкоска, директор на Организацијата на работодавци на Македонија, Дурим Зекири, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Авни Исмаили, директор за Стратешко планирање и буџет во Агенцијата за вработување, раководителот на Центарот за кариера на УЈИЕ, Лумтурије Мемеди-Синани, и модератор Валон Садики.

Конструктивна атмосфера беше развиена и во делот на прашањата од студентите во рамките на панелот, каде беа поставени прашања за развој на нови можности за вработување како и прашања поврзани со темата.

Google+